| |

МИЦКОСКИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА СЕ СРЕТНАЛ СО СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ

„Имав можност во Белград да остварам средба со Претседателот на Република Србија и Претседател на СНС Александар Вучиќ.

Разговаравме за состојбите во регионот, можностите за соработка кои стојат на располагање.

Воедно стана збор и за соработката помеѓу двете сестрински партии и искористување на потенцијалите на тој план.

Република Македонија треба да гради отворена, рамномерна добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности“, напиша на својот профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



Слични Објави