ТЕРЕЗА МЕЈ СО ЧЕСТИТКА ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

//

Премиерката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Тереза Меј, денеска, со писмена честитка адресирана до Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, го честиташе постигнатиот договор помеѓу Република Македонија и  Република Грција, како и ратификацијата на договорот во Собранието на Република Македонија.

„Вакво значајно постигнување не би било возможно без политичката храброст, визија и лидерство, какви што двајцата покажавте. Како што претходно разговаравме во Скопје, решавањето на ова прашање ќе донесе енормни придобивки за двете држави, како и за поширокиот регион“, стои во писмото од премиерката Тереза Меј.

Таа, во своето писмо додава и дека конечно после 25 годишниот спор, желбите на огромно мнозинство граѓани, кои сакаат да ја видат својата земја како членка на НАТО и ЕУ, ќе ги отвори вратите за овие аспирации.

„Како долгогодишен пријател, Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува Македонија во патот на пристапувањето кон членството во Евро-атлантскиот сојуз, како и во мирот и просперитетот, што овие аспирации како и останатите реформи ќе го донесат за Вашата земја, и за регионот како целина“, се истакнува во писмото на премиерката Меј.



Заблагодарувајќи се за гостопримството за време на нејзината посета во Скопје, премиерката на Велика Британија во писмото порачува се радува на претстојната средба со премиерот Заев, и со останатите премиери од регионот, на Самитот за Западен Балкан, кој ќе се одржи следниот месец во Лондон.

Претходна статија

ИНСЕКТАРИУМ

Следна статија

ЗАЕВ БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ОД РЕПУБЛИКА.МК

Најново од Вести