СИТУАЦИЈАТА Е „ПОД КОНТРОЛА“

//

Секојдневно сме сведоци на излагањата и прес-конференциите на министерот за здравство Венко Филипче. Додека ситуацијата вистински на некој начин беше под контрола, тој ни влеваше надеж и самодоверба дека сепак добро се справуваме со корона кризата. Всушност нас 30 години не убедуваат дека добро се справуваме со сите кризи: економски, здравствени, политички, воени итн, а сведоци сме дека ги имало премногу. 30 години статус кво, со исклучок на тоа што станавме членка на НАТО, но по цена на тоа што сега сме Република Северна Македонија. Ситуацијата тука воопшто не е „под контрола“, а никогаш не ни била. Секогаш некој друг ни давал инструкции и насоки, а потоа се разбира и не контролирал. Постојано треба да исполниме некои критериуми, да правиме отстапки, да се откажуваме од тоа НАШЕТО… Тоа секако нема крај и води до недоглед, сепак нели ситуацијата е „под конторла“. Да се разбира дека е под контрола за оние кои што ја контролираат и неа а и нас. Ескалираше корона кризата, додека нашите соседни земји речиси и да немаат зголемување на бројот на заразени, кај нас таа е „под контрола“ со огромен број на нови случаи, меѓутоа нели се знаеле кластерите и семејствата, па затоа немало место за загриженост и паника.

„Ситуацијата е под контрола“ а кутриот Филипче последните 3 дена на прес-конференциите е блед како крпа и очигледно е видно разочаран. Сега сите знаеме што е следно: ќе си ја префрлаат топката и ќе бегаат од одговорност! Па полицијата не спроведувала закон, па Наќе бил виновен, се изнаслушавме вакви приказни 30 години, народот ја плаќа цената за тоа секогаш, само што сега ја плаќа со живот и здравје. Личните интереси и профитот секогаш им биле на прво место, или како што сакаам да кажам „ПОД КОНТОРЛА“. Па нели тие треба да бидат пример за народот, и први да ги применуваат заштитните мерки и протоколи… И тоа го видовме изминативе денови на дело, нека им служи на чест.

Кога господинот Петар Колев излезе со став да се стави клуч на сите конфекциски фабрики во Штип и околината, односно работниците да се пратат за 30 дена на ПЛАТЕН колективен одмор, за да се заштити здравјето на работниците, а воедно со самото тоа и на сите граѓани од тој регион, тогаш не беше слушнат од газдите и олигарсите, ниту од ВЛАДАТА. Засегнатите одеа со соопштенија дека тоа немало смисла, загубите би биле огромни, секако вработените ги користеле сите заштитни мерки и протоколи, и се било „ПОД КОНТРОЛА“. Еве за жал, по неполн месец се потврди и тезата на Колев. Тие што решија да заминат од државава и сами да си ги стават своите животи под сопствена контрола секако ќе бидат најзадоволни на крајот од тунелот. Барем одговорноста ќе биде на самите нив, а резултатот, односно придобивките или последиците ќе си ги сносат сами, и нема да дозволат тука друг да им става сѐ „ПОД КОНТОРЛА“



Автор: Рами Закија

Претходна статија

АХМЕТИ: КАКО ШТО БЕВМЕ ОБЕДИНЕТИ ВО ОНА, ТАКА ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ И ЗА АЛБАНЕЦ ПРЕМИЕР

Следна статија

ФОТО: НИЕ ДОМА, ТИ НА БЕРОВСКО ЕЗЕРО, НЕ МОЖЕ ТАКА ДРУЖЕ СЕКРЕТАРЕ

Најново од Истакнато