| |

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА СЕ ДИСТАНЦИРА ОД ЛАБОРАТОРИЈАТА НА „АСТРА ЗЕНЕКА“

Европската комисија соопшти дека се дистанцира од лабораторијата на „Астра Зенека“ околу својата стратегија на вакцинирање против Ковид-19, пренесува Б92.

До проблеми на релација Астра Зенека – ЕК дојде поради големите застои во испораката на таа вакцина на британско-шведската компанија.

Вакцината на Астра Зенека требаше да биде употребена за масовна вакцинација во првиот квартал од 2021 година, не можела да гарантира повеќе од 25% од 100 милиони дози кои ги ветила, па поради тоа први проблем за земјите членки на ЕУ, рече генералната директорка на Европската комисија за здравство, Сандра Галина.

ЕК со тоа се врти кон вакцините на Фајзер/БиоНТек и Џонсон и Џонсон.

Германската лабораторија БиоНТек ветила дека во вториот квартал ќе испорача дополнителни 75 милиони дози на вакцината до ЕУ вакцина која ја произведува Фајзер.

Слични Објави