| |

Слави Трифонов: Додека Бугаринот не биде спокоен за својата историја, нашиот став за РС Македонија ќе биде ист со ставот на сите Бугари

Лидерот на партијата „Има таков народ“, бугарскиот шоумен Слави Трифонов денеска на средба со студенти во Пловдив изјави дека РС Македонија не може да почне преговори со ЕУ без да го спроведе тоа што е неопходно.
„Додека Бугаринот не е спокоен за својата историја и што претставува РС Македонија, нашиот став ќе биде ист со ставот на сите Бугари“, вели Трифонов.
Според него Заев на денешната посета во Софија се сретнал со луѓе без никаква функција, визирајќи ги поранешниот премиер Бојко Борисов и лидерката на социјалистите Корнелија Нинова. Според Трифонов, Заев требало да се сретне прво со премиерот и претседателот на Бугарија.
Потсетуваме дека од неговата партија „Има таков народ“ денеска одбиле средба со премиерот Заев, образложувајќи ја оваа одлука со предизборни активности.



Слични Објави