| |

Вчера се навршија 110 години од смртта на видниот деец на ВМРО Георги Мончев

На 6. септември (25 август) 1913 г. умира од раните во Солун револуционерот ГЕОРГИ ВАСИЛЕВ МОНЧЕВ, виден деец на ВМОРО. Тој е роден 1883 г. во Прилеп, завршил Бугарска гимназија во Солун и таму станува член на ВМОРО. Во текот на Илинденското востание земал учество во многу борби со османлиската војска како четник на Даме Груев и Георги Сугарев. По востанието бил член на Солунскиот окружен револуционерен комитет. Во 1906 г. при Мацановата афера е принуден да замине за слободна Бугарија. До 1908 г. е четник на Александар Китанов и Гоце Междуречки. Учествувал како делегат на Ќустендилскиот конгрес. По Младотурската револуција во 1908 г. станува активист на Сојузот на Бугарските конституциони клубови. Во 1911 г. е четник в Кукушката чета, а наредната година е уапсен и осуден на заточение. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 г. Мончев предводел ополченска чета на Македонско-одринското ополчение, која дејствува во Кукушко и Солунско. Во Втората балканска војна при одбрана на Кукуш е ранет и после неуспешниот обид да се самоубие паѓа во безсознание во грчко заробеништво. Носител е на орден за храброст.

“На 6 септември 1913 г., се навршуват точно три години од маченичката смрт на еден верен и доблестен син на Бугарската земја. Сите, кои го познаваа Г. Мончев, ќе си спомнат тој ден за него; ќе си спомнат со длабока тага за неговиот трагичен крај и со речиси религиозна стравопочит за неговата служба без корист, пред олтарот на татковината. Уште како ученик во Бугарската гимназија во Солун, тој припаѓаше веќе на револуционерната организација и укажваше ценети услуги: било преку врбувањето на нови борци меѓу учениците, било преку посредништво меѓу комитетските органи во Солун и работниците од провинцијата, било најпосле со извршвањето на посмели акции, какви што раководителите не се колебаа да му доделат, затоа што веќе ја испитаа неговата безстрашност и неговата преданност. Тој беше љубимеца на сите оние, кои имаа среќа да бидат другари со него во ученичкиот револуционерен кружок. Тоа беше наполно природно, зашто моќта на неговите невоздржани патриотски пориви можеше да се равни само на неговата скромност, неговата непринудена безпретенциозност. Покасно, ту како четник во Битолско, во Илинденското востание, ту како легален деец во Солун или одново четник во Солунско и Кукушко, како учесник во револуционерниот конгрес, како член на Бугарските конституциони клубови ние насекаде го видовме Г. Мончев да служи честно и без корист на својот народ. 1912 г. го затекна во Бугарија, без да го дочека објавувањето на мобилизацијата, Г. Мончев формира чета и минува во Македонија. И кога во едно мрачно есенско утро, кон крајот на октомври 1912 г., првиот Бугарски ескадрон влезе во Солун, сите го познаа, на страната на последниот, сакан „комита“. Во навечерието на втората балканска војна Г. Мончев не отиде со македоно-одринското ополчение, кон кое беше запишан, и изкажа желба да остане во местата, кои подобро ги познаваше, тој ја зеде својата пушка и се одзва на огнената линија. После решението на нашата команда, на 21 јуни, да ги повлече војските, кои се бореа кај Кукуш, Г. Мончев, покрај сите наговарања, останал на своето местото, заедно со немногубројната своја дружина. Гледајќи најпосле, дека секое спротивставување е безполезно и не сакајќи да го преживее тој Бугарски неуспех, тој, според разказот на очевидци го насочил својот револвер во главата, но, како често се случва, куршумот му изневерил. Полумртов, тој бил прибран од противникот и после незамисливи страдања починал во една од воените болници во Солун. Два месеца покасно на еден беломорски остров загинал и неговиот татко, добро извесниот на целата речиси нтелигенција од Македонија „чичко Васил“, макар што и тој, по примерот на други заточеници, можел да го изкупи своето ослободување преку еден неособено убав маневар. Тој, меѓутоа, прдпочитал да загине, отколку да допушти најмало поругавање со неговата совест на корав Бугарин. Примерот на Г. Мончев и на неговиот татко заслужува нееднократно да се напомнува, за да служи за изградба на другите, особено во моменти, како денешните, кога Бугарскиот народ ги напрега сите сили, за да си обезбеди почестита иднина. Бугарија, колку повеќе честни и без корист синови, како Гога има, толку помоќна и посреќна ќе биде таа.“

ЕДЕН СКАПОЦЕН ПОКОЈНИК, Г. Кулишев од Дојран, в. „Родина“, 1916 г.

Слични Објави