Радев во среда ќе го врачи првиот мандат на ГЕРБ-СДС
Бугарскиот претседател Радев ќе го врачи мандатот за формирање влада на кандидатот за премиер именуван од најголемата пратеничка група во 51-то Народно собрание, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава, пренесува БГНЕС.
На 15 јануари, среда, од 12:00 часот, согласно чл. 99, ст. 1 од Уставот на Република Бугарија, шефот на државата Румен Радев ќе му врачи мандат за формирање влада на кандидатот за премиер, предложен од најголемата пратеничка група во 51-то Народно собрание – таа на ГЕРБ-СДС.

