Јуниорките на Бугарија во одбојка станаа светски прваци-пред една година го освоија и европскиот врв
Женската младинска репрезентација на Бугарија во одбојка до 19 години стана светски шампион! Девојките на Атанас Петров ја победија репрезентацијата на САД во финалето во Осиек со 3:1 во сетови (21:25, 25:16, 25:17, 29:27). Истата селекција на Бугарија стана и европски шампион точно пред една година, јавува БГНЕС.
Натпреварот помина низ подеми и падови на двата тима, кои имаа силни и слаби моменти во средбата. Американките започнаа со успех во првиот сет, кога се наметнаа со 25:21, а солидна предност имаа уште при 6:1. Најголема беше предноста во решавачката фаза со 21:13. Разликата се намали на 17:21, но на крајот симболичните домаќини си ја завршија работата.
Следеа два силни сета за Бугарија. Во вториот сет седум поени предност за “лавиците” беа оформени при 14:7, а девет поени беше разликата при 23:14 и потоа 25:16. Третиот сет исто така беше многу убедлив за младите Бугарки, а шест поени беше предноста уште при 8:2. Бугарките создадоа максимална предност при 24:12, но сетот го затворија дури при 25:17.
Најдраматичен беше четвртиот сет, кога тимовите играа поен за поен во поголемиот дел од времето. Бугарија поведе со три поени разлика при 7:4. Следеше серија и САД свртеа на 13:10. “Лавиците” не се предадоа и импресионираа со шест последователни поени до 20:14.
