„Раѓањето на македонската нација“ (2)
Цочо Билјарски
Не верувам дека има некој, кој се интересира за македонското прашање, а да не знае за резолуцијата на Комунистичката интернационала од јануари 1934 година, но не сите го познаваат нејзиниот целосен текст, затоа што досега таа била објавувана само во нелегалните комунистички весници и во научната литература. Сега повеќе заинтересирани ќе имаат можност да се запознаат не само со нејзиниот целосен текст, туку и со бројни важни документи, излезени од рацете на бугарските комунисти, на кои им беше доверено да ја применат на дело.
Подгответе се да се запознаете со еден од редовните случаи на национално предавство на Бугарската комунистичка партија, која безрезервно ги исполнувала декретите на Коминтерната.
Резолуцијата за македонското прашање и за ВМРО (обединета) на Балканскиот секретаријат на Извршниот комитет на Комунистичката интернационала е донесена во Москва на 11 јануари 1934 година. Таа и денес се наведува како еден од најважните документи за создавањето на македонската нација, а всушност на практика претставува декрет-документ, карактеристичен за командно-административниот пристап на Коминтерната при решавањето на важни прашања. Екземплярот што ќе го прочитате подолу е сочуван во архивата на Коминтерната. Во следниот период, како што ќе се види, нејзиното место воопшто не е толку значајно за решавањето на македонското прашање, туку напротив, создава нови тешкотии, дури и во тесниот круг на раководството на БКП и зависните од неа ВМРО (об), Акциониот македонски комитет за заштита на емиграцијата, Македонскиот литературен кружок, Македонскиот народен сојуз во Америка и други. Таа станува единствено повод за разгорување на иницијативата на дооглупување дисциплинираните членови на БКП за изработка на македонски јазик, литература и историја и за срамното пропагирање на одвојување на „советскиот“ петрички регион во самостојна држава, откако се прават декларации дека тоа е колонија на Бугарија. Практични резултати по донесувањето и објавувањето на резолуцијата и неуспешниот смешен обид да се примени нема. Таа останува само како одлука, единствено поддржана со хартиена пропаганда, изразена во печатење на огромен број полуписмени летоци и статии, карактеристични со недостиг на елементарна логика и извртување на историските факти.
Додека тече подготовката на резолуцијата и пленумот на Балканскиот лендерсекретаријат на Коминтерната, Георги Димитров се наоѓа во германскиот затвор „Моабит“ и е изведен како обвинет на Лајпцишкиот процес за палењето на Рајхстагот. По ослободувањето од затвор, Г. Димитров заедно со другите двајца бугарски обвинети – Благој Попов и Васил Танев – слетуваат на Московскиот аеродром на 27 февруари 1934 г. Резолуцијата за македонското прашање и за ВМРО (об) е веќе одобрена со Протокол № 207 на седницата на Политичкиот секретаријат на Балканскиот лендерсекретаријат на Коминтерната на 11 јануари 1934 г. и заведена под № 815 во деловодството на Балканскиот лендерсекретаријат два дена пред Димитров да слета во Москва – на 25 февруари 1934 г.
За изработката на резолуцијата за македонското прашање најголема улога има, пред сè, раководителот на ВМРО (об) Димитар Влахов, познат бугарски дипломат, висок службеник и политички камелеон и вешт манипулатор. Во 1910 г., кога бил бугарски пратеник во Турскиот парламент, одиграл клучна улога за разорување на Народната федеративна партија (бугарска секција) и направил сериозен обид да го дискредитира еден од водачите на партијата – Јане Сандански, а Христо Чернопеев брзо ја напуштил партијата, згрозен од неговите интриги. Веројатно се сеќавате дека негова беше и главната улога за друга голема манипулација за македонското прашање, а тоа беше изработката на Мајскиот манифест во 1924 г., кој зададе еден од најтешките удари врз ВМРО и врз бугарштината. Во 1923 г., пред да биде изработен Мајскиот манифест, Д. Влахов заедно со Михаил Монев ја посетуваат Советска Русија, каде остваруваат важни средби со болшевичките водачи. Овој отворен агент на советските тајни служби и Коминтерната ќе продолжи и во следните години со својата разрушителна улога и точно една деценија подоцна ќе се најде повторно како главен иницијатор на коминтерновската резолуција. А по уште една деценија ќе се откаже од членството во БКП и ќе замине за Скопје, каде за своите предавства кон бугарскиот народ ќе биде дарежливо награден од Ј. Б. Тито, кој, и покрај неговото верно слугување, во потесниот круг ќе го нарекува „стариот Бугарин“.
За неговата улога и за изработката и наметнувањето на резолуцијата тој најбезсрамно раскажува во своите мемоари. (Види: Мемоари на Димитар Влахов. Скопје, 1970.) Откако ВМРО (обединета) преживува сериозна криза, што ќе доведе до нејзино распаѓање, Д. Влахов и Владимир Поптомов го напуштаат Париз летото 1933 година и заминуваат за Москва, додека останатите раководители на организацијата, некомунистите, се повлекуваат од понатамошна дејност. Во ВМРО (об) остануваат само бугарски комунисти. На практика таа останува неразделен дел од Коминтерната, БКП и Балканската комунистичка федерација, раководена од Г. Димитров. Од нејзините структури продолжува да постои само на хартија таканаречената Трета револуционерна област, која ги опфаќа само државните територии на Царство Бугарија, додека во Вардарска и Егејска Македонија таа целосно исчезнува. И во Третата револуционерна област таа постои само поради богатите финансиски субвенции што ги добива од Коминтерната преку МОПР (Меѓународната организација за помош на револуционерите).
Влахов и Поптомов продолжуваат и од Москва со својата разрушителна антибугарска дејност. Тие се иницијатори на низа дејства на Коминтерната по нивните многубројни писмени изложувања, со кои бараат ВМРО (об) да биде реанимирана и да продолжи со постоењето, како и официјално да се признае постоењето на македонска нација.
Оваа можност се отвора по XIII пленум на ИККИ, кога Балканскиот лендерсекретаријат е предводен од чешкиот комунист Бохумил Шмерал, кој немал никаква претстава за македонското прашање. Тој свикува седница за македонското прашање со присуство на балканските комунисти што се наоѓале во Москва. На седницата не присуствуваат ниту Г. Димитров, кој како што веќе наведов, сè уште е во „Моабит“, ниту Васил Коларов, ниту Антон Иванов, ниту Станке Димитров, ниту В’лко Червенков. Според зборовите на Влахов, тие не присуствувале затоа што не го признавале постоењето на македонска нација. Поптомов исто така не присуствувал, бидејќи не ја добил поканата од Влахов.
Од бугарска страна присуствуваат и учествуваат во дискусијата Д. Влахов, Гаврил Генов, Петар Искров и Караџов. Од сите Бугари што се изјасниле, само Г. Генов се согласил со тезата за постоење на македонска нација, додека Караџов ја прифатил тезата со голема неволност. Состанокот не донел никаква одлука и затоа Коминтерната му наложила на Полјакот Хенрих Валецки (со вистинско име Максимилиан Горвиц) да изработи резолуција за македонското прашање. Но и тој, исто како и Чехот, немал никака претстава од македонското прашање. Валецки му наложил на свој пријател, друг Полјак, кој според зборовите на Влахов, исто така „немал поим од македонското прашање“, да ја подготви резолуцијата.
Ако ви прави впечаток, во Коминтерната во целиот период на нејзиното постоење се постапувало по овој принцип – кој нема разбирање за некое прашање, токму нему му се доверува да изработи соодветен документ. Овој принцип на дејствување е принципот на некомпетентноста. Така ќе видиме низ различни периоди дека со бугарското, т.е. македонското прашање се занимавале Чеси, Полјаци, Германци, Финци и какви ли не уште некомпетентни комунисти. Така и на Г. Димитров по истиот принцип му било доверено да се занимава со германското и кинеското прашање итн.
Ова му дава можност на иницијативниот Д. Влахов да ги покаже своите способности и да го „образува“ Полјакот за македонското прашање и неговиот развој. Тој заедно со него ја изработил и резолуцијата за македонското прашање, која ќе биде одобрена на 11 јануари 1934 година. Како што посочив погоре, заговорниците против бугарскиот народ се брзале со нејзината подготовка и одобрување пред ослободувањето на Димитров од затвор. Но едвај ли примерниот и дисциплиниран комунист Г. Димитров, кој слепо ги исполнувал наредбите на семоќниот Сталин, ќе се спротивставел на оваа антибугарска одлука, што го докажал со својата дејност и претходно и подоцна.
Во февруари 1934 година резолуцијата е распространета во одделите на Коминтерната и од таму е предадена на ВМРО (об) за извршување. Во април 1934 година основните делови од неа се објавени во органот на ВМРО (об) весник „Македонско дело“.
По оваа резолуција веќе не се поставува прашањето за Балканска федерација, туку само за правото на „македонскиот народ“ на самоопределување и одвојување од државите поробувачи (Србија, Грција и Бугарија) во независна република на „македонските“ работници и работнички.
Иако мнозинството од бугарските комунисти што се наоѓале во Москва не се согласувале со резолуцијата, тие се потчиниле на овој документ-диктат и почнале да работат за нејзиното спроведување, а Задграничното биро на БКП во Москва направило обид да создаде група што ќе подготви план за проучување на прашањето за „македонскиот јазик и нација“ и ќе излезе со одлука. Во неа влегле Алекси Величков, Димитар Гачев и Дино Ќосев.
Резолуцијата не била дочекана со разбирање и не била применета во пракса. Но обидот да се наметне довел до нов раскол во ВМРО (об), што завршил со нејзино целосно ликвидирање и распуштање.
Тука ги предлагам на вашето внимание, освен резолуцијата на Коминтерната, и писмото на Г. Димитров до Централниот комитет на Македонскиот народен сојуз во Америка од 13 мај 1934 година, т.е. само два месеца по излегувањето на резолуцијата. Читателите сигурно се сеќаваат на зборовите на Димитров на Лајпцишкиот процес, изговорени само неколку месеци претходно. Таму тој се удираше во гради дека е син на бугарскиот народ и бугарската работничка класа, додека овде веќе и самиот тој не е сигурен во себе.
Интересна еволуција доживува „херојот“ од Лајпциг, но тоа е тема за друг разговор. Како пример само ќе посочам дека во зачуваната нацрт-верзија на ова писмо Г. Димитров започнува едно од најважните наведени реченици вака: „Како син на македонско семејство, прогонето по Илинденското востание, се чувствувам неразривно поврзан со борбата на бугарс…“. Последниот недовршен збор е прецртан и напишано по него „македонскиот народ“, што сведочи за раздвоеноста и збунетоста на авторот.
Ќе имате можност да се запознаете и со збунетоста на бугарските комунисти во Советска Русија, кои почнуваат да се прашуваат дали да почнат да ги разработуваат проблемите на македонскиот јазик, литература и историја, откако веќе им е предадена резолуцијата. (Види подолу писмото на А. Величков и добиените инструкции.)
Ќе имате можност да се запознаете и со скромните размисли на Васил Ивановски (Бистрички) „Зошто ние Македонците сме посебна нација?“ од февруари 1935 година, неправилно припишувани на Георги Зајков Пирински од некомпетентни истражувачи. Истиот В. Ивановски е првиот главен уредник на скопскиот весник „Нова Македонија“. Но само по неколку месеци ќе ја остави скапо платената предавничка функција и ќе избега во Бугарија, но тука пак ќе биде уапсен и суден по Трајчо-Костовскиот процес. По излегувањето од затвор повторно ќе продолжи да размислува на темата: „зошто тие – Македонците се посебна нација“, а оваа „генијална“ со своите согледувања книга пред неколку години беше објавена во Скопје.
Приложените документи досега беа објавени од мене и мојата колешка Ива Бурилкова во двотомното издание „БКП, Коминтерната и македонското прашање (1917–1946)“ во 1998 и 1999 година, од каде ги објавувам повторно. Секој што има поголем интерес кон темата, би можел таму да најде уште любопитни документи по оваа животно важна за нас, Бугарите, тема.
Извор: Сите б’лгари заедно
(Продолжува)

