| |

ГРУЕВСКИ, ЈАНАКИЕСКИ И ПЕШЕВСКИ НА СУД: НОВО РОЧИШТЕ ЗА „ТРАЕКТОРИЈА“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот на Специјалното јавно
обвинителство (СЈО), „Траекторија“.

Во случајот обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски.

Тие се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Тие според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

Извор: еМагазин

Слични Објави