| |

„Раѓањето на македонската нација“ (1)

Пишува: Владимир Перев

1.
Со својот основен труд “Раѓањето на македонската нација, историчарот, социологот и писателот Драган Ташковски (1917-1980) го отвори процесот на вечната потрага по сопственото, “македонско“ себепрепознавање на поголемиот дел од македонскиот народ. На оваа тема се напишани бројни трудови и снимани цели серијали, па не е на одмет, кон целата таа збирка и збрка на статии и полемики, да се даде и сопствен придонес. Притоа, многу често се споменува “руското влијание во бугарската политика кон Македонија“, често пати посочувано како “туѓо влијание“, но на секаков начин, македонските политичари и историчари се трудат да го одбегнат јавното влијание и учеството на Коминтерната во разрешувањето на “Македонскиот Гордиев јазол“. Барањето на корените на македонската нација во Антиката, за прв пат на публицистички начин е претставено во трудот на Ташковски, за потоа, до денешен ден, одново да биде разгледувана и преформатирана така и во толкави размери, за да стане дел од позициите во Преспанскиот договор. Во овој свој труд (како и во другите) авторот Ташковски пројавува јасен политички и национален антибугаризам, прифатен од “заедничката историја со српскиот народ“ и наука, за до денешен ден тоа да остане како мејнстрим на македонската национална политика.

2.
Српскиот политичар Стојан Новаковиќ (1842-1915) е еден од најобразованите луѓе на своето време. Тој е историчар, филолог, дипломат и политичар, член на Српската академија на науките. Роден е како Коста, но подоцна, држејќи се до српската патриотска традиција, го менува името, од “гркоманското“ Коста, во “српското“ Стојан. Тој е првиот во Србија кој ја согледува силата на бугарската кауза на Балканот и најважното, тој првиот ја прави програмата за пасивизирање на бугарското влијание во Македонија. Затоа пишува: „…Бидејќи бугарската идеја, како што на сите им е добро познато, фати длабоки корени во Македонија, мислам дека е скоро невозможно таа да биде уништена ако ѝ се спротивстави само српската идеја. Се сомневам, дека оваа идеја ќе може да ја потисне бугарската, ако остане само како чисто и голо спротивставуваење. Затоа голема корист би имале од свој соузник, остро спротивставен на бугаризмот и содржејќи во себеси елементи кои ќе го привлечат народот и кои ќе бидат блиски на неговите чувства – точно тие ќе го отцепат од бугаризмот. Како таков сојузник јаc го гледам Македонизмот, или во извесни промислени граници – тактичко негување на македонскиот дијалект и македонските посебности. Ништо не може да биде толку спротивставено на бугарските тенденции, со ништо Бугарите не можат да се доведат во понепомирлива позиција отколку со македонизмот.“

Во таа битка тој е со јасната идеја за посрбувањето на Македонија, па ќе напише: „Македонизмот како таков нема со што да се одржи, тој нема елементи за развој и по природниот тек на работите, во оној час штом бугаризмот се одвои од него, би му помогнал на србизмот и со истиот би се помешал… „Македонскиот буквар“ кој наскоро се надевам ќе го отпечатиме во Цариград ќе ги удри основите на оваа работа, макар што потребата од тој буквар се правда и од многу други потреби и погледи. Но освен „букварот“, добро би било работата пошироко да се негува и изразито да се зајакнува…

Како последица на оваа негова дејност, во Цариград формира “Друштво на србо-македонците“, за подоцна со негова помош да биде создадено и “Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петрсбург“ во 1902 година. Меѓу другите, пријатели на Новаковиќ и членови на Дружеството во Санкт Петерсбург се и Крсте Мисирков и Димитрија Чуповски.

3.
Стојан Новаковиќ добро стоел со математиката и разузнавањето, па речи сите материјали на странските патеписци кои минувале низ Европска Турција му биле на располагање. Еве некои од податоците кои тој ги знаел: Стефан Веркович, босненски сърбин, е изпратен от Белград да провежда сръбска пропаганда в Македония. Там обаче среща само българи и нито един сърбин. Впечатлен от интелекта на българския етнос, той извършва дългогодишна изследователска дейност и издава през 1860 година сборника „Народни песни на македонските българи“. А след 23-годишно задълбочено проучване (1860 – 1883) на етническия състав на населението в публикацията си „Топографическо-етнографически очерк на Македония“, отпечатана на руски език в Санкт Петербург през 1889 година, той пише: Българи – 1 317 131, гърци – 222 740, сърби – 0, арумъни (власи) – 74 375, турци – 240 264, албанци – 78 790, цигани – 10 568, евреи – 1612, други – 3 483. Всичко – 1 948 963.

Комисијата во Букурешт, под председателство на рускиот кнез Черкаски ги дава следниве податоци за кон крајот на 1877 година: В специален раздел на този документ се разглежда етническият състав на Македония с нейните райони Солунски, Битолски, Скопски и Серски санджаци, според които:

Българи – 819 800, гърци – 177 500, сърби – 0, арумъни (власи) – 187 800, турци и албанци – 510 220, цигани и евреи – 52 200, черкези – 20 000, католици – 5 000, други – 2 400.

4.
Руската империјална (и комунистичка) политика кон Бугарија е како митскиот бог Јанус – со едното лице ја ослободува Бугарија од османлиите, со другото зло лице ја поробува, во ропство потешко од претходното. Амбициите на Москва се протегаат до Цариград и Босфорот, како излез на топли мориња, а за тоа е потребна слаба и разединета држава на границата со Турција, држава каква што Москва се труди да ја направи Бугарија. За Русија е најважна силната Србија која ќе биде отскочната точка кон целиот Балкан, додека на Бугарија и се доделува лажната Сан Стефанска надеж и ролјата на мост низ кој ќе поминат руските сили кон Цариград. Така било и така е до денешен ден. Затоа Новакович “другарува“ со Мисирков и ја финансира неговата дејност (“За македонцките работи“), затоа и Чуповски за време на војните доаѓа во Велес со идејата за македонска советска република.

5.
Коминтерната е последната вистинска руска/советска империјалистичка институција, која се бори за превласт на сѐ руската (сѐ советската) идеја низ светот. Бугарските комунисти се дејци на Коминтерната со висок рејтинг, Георги Димитров е генсек на Коминтерната со влијание низ светот. Коминтерната и НКВД имаат неколку неуспешни обиди за ангажирање на ВМРО во очекуваната “светска револуција“, со гарантирање на некаква национална и јазична посебност, но напорите се неуспешни. Мајскиот манифест од 1924 година е дебакл и на двете страни. Тоа е почеток на крајот на ВМРО, но и евидентен неуспех на советските тајни служби. Некаде од јануари 1934 година, Коминтерната одново се враќа на “македонскиот национален и јазичен проблем“ за по неколкумесечни состаноци и размисли, дојде до некакви резултати, постигнати со извонредното и антинационално, антибугарско делување на бугарските комунисти. Тоа е официјалниот зачеток на “раѓањето на македонската нација“ и конечното разнебитување на бугарскиот национ во Македонија…сето тоа со огромните “заслуги“ на бугарските комунисти. Нашиот Драган Ташковски доаѓа многу подоцна, за со неговата дејност, да послужи како амалгам од античното, кон словенското, а може би еден ден и кон гркоманското. За тоа да биде по јасно, Трибуна.мк, во неколку наредни броја, ќе се послужи со документите од Коминтерната, претставени од познатиот бугарски историчар и архивист Цочо Билјарски.

(Продолжува)

Слични Објави