| |

ФИРМИТЕ НА БОЈАН ЈОВАНОВСКИ ПОД ЛУПА НА УЈП

Фирмите кои се управувани од осомничените во случајот „Рекет“ ќе бидат прочешлани од УЈП.

Управата од утре според најавите ќе влезе во фирмите на Бојан Јовановски а директорката Лукаревска кажа дека ќе се постаоува во делот на даноците. 

Според Лукаревска налозите за контрола во Меѓународниот сојуз, 1ТВ, БМЈ груп и сите останати даночни обврзници би требало да бидат дадени во петок а ќе се утврдуваат и кои исплати се правени.

-Преку исплатите што ги правел Меѓународниот сојуз ќе видиме на чија сметка од физичките лица се легнати тие пари и дали воопшто се пријавени. Доколку се утврдат даночни затајувања УЈП ќе започне постапки за потекло на имот- уверува Лукаревска.

Во однос на физичките лица директорката на УЈП вели дека ќе се контролираат по основ остварените приходи и по основ на Законот за персонален данок , а од друга страна данчните обврзници преку ДДВ, данок на добивка, пресметки, деловни односи, задржан данок.

Слични Објави