| |

Пловдив е домаќин на Меѓународниот конкурс за вино и алкохолни пијалаци „Винарија“

Близу 200 примероци се пријавени за учество на Меѓународниот дегустациски конкурс за вина и алкохолни пијалаци „Винарија“ 2026, соопштија организаторите од Меѓународен саем – Пловдив, пренесува БНР.

Настанот, се одржува на 11 и 12 февруари во Палата 7 на Меѓународниот саем во Пловдив, е меѓу најпрестижните професионални форуми во секторот, а меѓународно жири составено од водечки енолози, дегустатори, сомелиери и трговци ќе ги оцени најдобрите вина и алкохолни пијалаци.

Производители од Бугарија, Италија, Грција, Чешка, Украина и Молдавија се натпреваруваат за највисокото признание – статуетката „Златен ритон“, која ќе биде врачена на 18 февруари 2026 година од 17:30 часот во сала „Пловдив“, Конгресен центар.



Слични Објави