20 бугарски производители учествуваат на „БИОФАХ“ во Нирнберг
Дваесет бугарски производители и преработувачи на органски производи ја претставуваат Бугарија на еден од најавторитетните меѓународни саеми за биохрана во светот – „БИОФАХ“ во Нирнберг, Германија, јавува БНР.
На националниот штанд, организиран од Министерството за земјоделство, се претставуваат био вино, овошје, сокови, џемови, млечни производи, биобрашно, растителни и етерични масла, како и производи добиени од нив.
На „Биофах“ учествуваат близу 2200 изложувачи од повеќе од 90 држави.

