Бугарскиот поларен истражувачки брод „Св. Св. Кирил и Методиј“ ќе го посети пристаништето Сантос на 8 март
Бугарскиот поларен истражувачки брод „Св. Св. Кирил и Методиј“ се очекува на 8 март годинава да го посети пристаништето Сантос при враќањето од мисија на Антарктикот. За тоа информираа од Амбасадата на Бугарија во Бразил на својата страница на Фејсбук, пренесува БНР.
„По повод пречекот на бугарскиот брод во пристаништето Сантос, Амбасадата на Република Бугарија во Бразил планира да организира со ваша помош и учество настан, со кој ќе го одбележиме и Националниот празник на Република Бугарија – 3 март“, наведуваат дипломатите.
Од амбасадата ги повикуваат претставниците на бугарската заедница во регионот да се приклучат, за заедно да го споделат овој важен момент за Бугарија.
Бугарскиот научноистражувачки брод „Св. св. Кирил и Методиј“ (НИК 421) исплови кон Ледениот континент на 7 ноември 2025 година од Варна.

