| |

Денков: Се надевам дека сите политичари ги разбираат лекциите од историјата

„Пред 115 години на денешен ден беше постигнат најголемиот сон, највисоката цел на бугарските преродбеници. Ова го изјави бугарскиот премиер академик Николај Денков, по повод 22 септември- Денот на независноста на Бугариja, јавува БГНЕС.

Денков потсети дека со манифестот на цар Фердинанд до бугарскиот народ била прогласена независната бугарска држава.

„Лекциите од историските настани се дека кога Бугарите работат заедно, кога сакаат земјата да се издигне економски, ништо не може да ги спречи. Втората лекција е дека со јазикот на дипломатијата и без пролевање на ниту една капка крв се може да се постигне и третата лекција е дека, ако сакаме да успееме наместо да се натпреваруваме со соседите, можеме да работиме заедно и да си помагаме. Се надевам дека сите политичари ги разбираат лекциите од историјата“, рече премиерот и продолжи: Ве уверуваме дека ги научивме лекциите и ќе се бориме Бугарија да го заземе заслуженото место на европската мапа како независна земја, каде што сите ние ќе сакаме да живееме, затоа што тука е најдоброто место за живеење“, рече академик Николај Денков.

Слични Објави