| |

Радев: Независноста е лекција дека единството е патот за постигнување на националните идеали

Денот на независноста е извонредна лекција дека единството и волјата се патот да се постигнат националните идеали и да се заштитат бугарските интереси. Ова го напиша на Фејсбук претседателот на Бугариja Румен Радев по повод 22 септември- Денот на независноста на Бугарија.

„На 22 септември, пред 115 години во Велико Трново, Бугарија беше прогласена за независна држава. Историски настан, резултат на умешна дипломатија, но и на дефинитивен јавен и политички консензус во име на една цел – нашиот напредок и развој како суверена држава, рамноправна во меѓународната заедница“, пишува Радев. „Денот на независноста е извонредна поука дека единството и волјата се патот да се постигнат националните идеали и да се заштити бугарскиот интерес. Тоа е уште поважно денес, кога се бориме со повеќе кризи, проблемите на општеството се премолчуваат, кога се прават обиди да се замени нашата историја, а државноста им отстапува место на странските интереси и зависности“, рече претседателот. Тоа не зависи само од нас сопствената еднаквост, но и нашата самодоверба како слободен и достоинствен народ. Народ за кој независноста, просперитетот и развојот се највисока вредност. Среќен празник!“, пишува шефот на бугарската држава.

Слични Објави