БРИТАНСКИОТ ТИП НА КОВИД-19 Е ДЕТЕКТИРАН КАЈ ПАЦИЕНТ ОД МАКЕДОНИЈА ВО КРАЈОТ НА ДЕКЕМВРИ

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката „Жан Митрев“, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2, пренесува Плусинфо.

loading...

Станува збор за 46 -годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Институтот за јавно здравје, пациентот се води како оздравен од 22 јануари 2021 година.



loading...

Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, направил брз тест, кој бил со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавил на преглед во приватната болница „Жан Митрев“ каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот веднаш бил хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен.