| |

Нивото на невработеноста во Еврозоната останува ниско

Невработеноста во еврозоната останува најниска во изминатите девет години, објави АФП,
осврнувајќи се на податоците од Европскиот завод за статистика (Еуростат), објавени денеска.
Јасно е дека во декември 2017 година невработеноста во земјите од Еврозоната изнесувала 8,7%, што е најниско ниво објавено од јануари 2009 година. Во исто време, Еуростат известува дека инфлацијата и понатаму останува ниска. Во јануари таа изнесуваше 1,3%, што е многу помалку од проекцијата на многу под целта на Европската централна банка за 2% инфлација.

Слични Објави