Марин Рајков: Важно е дали службената влада, ќе успее да го смири бугарското општество
Најважно е службената влада да ја смири јавноста и да ја натера да верува дека институциите ќе ја најдат формулата да ја надминат недовербата што расте. Jас сум убеден дека ќе излеземе од оваа ситуација. Ова го препорачува поранешниот вршител на должноста технички премиер (2013) бугарскиот дипломат и поранешен министер за надворешни работи Марин Рајков во интервју за БНР.
„Службениот кабинет мора да продолжи да работи во однос на Шенген и на Еврозоната. Нема да навлегувам во внатрешно-политички коментари, како амбасадор не сум го правел тоа, ниту ќе го направам сега“, изјави Рајков, кој беше амбасадор на Бугарија во Лондон. .
Според него, скандалите кај нас негативно се одразуваат на имиџот на бугарските институции и нивниот начин на функционирање.
„Не можам да кажам дека ова што се случува е поволно за шенгенските досиеја. Во оваа фаза не видов официјална реакција, но овие процеси несомнено се следат. Главниот проблем е како функционираат нашите институции. Во една демократска земја како Бугарија, од институциите се очекува да најдат решение за тешките предизвици. Не може да нема влијание врз оценките за нашата подготвеност за шенгенските досиеја“, предупредува во дипломатот.
Тој потсети дека сегашната политичка ситуација наликува на онаа пред 10 години кога тој станал технички премиер.
„Важен е начинот на кој постапува премиерот – дали ќе може да го смири бугарското општество. Пред 10 години исто имаше тензии, тогаш имаше луѓе кои се самозапалуваа по улиците“.
Марин Рајков коментира дека „секој кабинет е повеќе или помалку осамен, а овој ризикува да биде поосамен од претходниот, бидејќи сите политички сили се оградуваат од него“.
„Првпат критиките почнаа уште пред службениот кабинет да положи заклетва. Ова е без преседан. Ние исто така се чувствувавме осамени, освен во последните денови на владата. Немавме парламент. Во овој случај, Целиот кабинет и министрите ќе бидат директно следени и контролирани од Народното собрание. Оваа разлика во никој случај не е мала“, коментира Рајков.
„Оваа кампања ризикува да биде полна со скандали и желба за создавање тензии. Ова е видливо отсега па натаму. Нема шанси тоа да не влијае на работата на преодната влада и таа мора да покаже воздржаност, и со конкретни чекори да покаже дека какви било напади се неосновани“, предупреди Рајков.