КОНФЕРЕНЦИЈА – 4 СЕЗОНИ ЕКОТУРИЗАМ ВО ОХРИДСКИОТ РЕГИОН

//

Во недела, на 10 јуни, во Охрид ќе се одржи конференција насловена: 4 Сезони екотуризам во Охридскиот регион, во организација на Зелениот институт, ДОМ и холандската фондација Биро де Хелинг. Акцентот ќе биде на екотуризмот, што значи развој на алтернативни форми на туризам со строга заштита на животната средина, за да се задржи статусот на заштитено подрачје од УНЕСКО за Охридскиот регион.

На конференцијата ќе се дискутира за збогатување на понудата, од планинарење, планински велосипедизам и параглајдинг, преку водено поврзување на сите места покрај Охридското езеро со еко-превоз, се до култура, традиција и автентична локална храна. Целта е во Охридскиот регион да се иницираат и поддржат атрактивни настани и активности кои ќе ги привлечат домашните и странските туристи, но и да се обезбеди туристичка понуда конкурентна со онаа во регионот.

Модератор на настанот е  Maja Морачанин, пратеничка од ДОМ и координаторка на неформалната парламентарна група “Пратеници-пријатели на УНЕСКО”. Ќе говорат: Наташа Амдиу, претседателка на Зелениот институт, Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Ана Петровска, државен секретар за животна средина во Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од Факултетот за туризам и од институции на државно и локално ниво, како и стакнати туристички работници со долгогодишно искуство.



Конференцијата ќе се одржи во Хотел „Милениум Палас“, со почеток од 11 часот.

Претходна статија

НОВ ПРОЕКТ НА ГРАД СКОПЈЕ: ГЛАВНИОТ ГРАД ПОД ВОДА (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Следна статија

ЗДРУЖЕНИЕТО НА ВАНЕ ЦВЕТАНОВ „ЗЕЛЕНА ЛУПА“ НЕПОДОБНО И ЗА НОВАТА ВЛАСТ?

Најново од Вести