Јотова во Тунис разговарала со Шарл Мишел, Емануел Макрон и Бујар Османи

//

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова ја претставува Бугарија на 18-тиот Самит на Франкофонијата што се одржува на островот Џерба, Тунис. Темата на форумот е „Поврзаност во различностите: дигитализација, вектор за развој и солидарност во франкофонската област“.

Во рамки на форумот, Илијана Јотова разговараше со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со францускиот претседател Емануел Макрон и со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи, информираат од прес-службата на Претседателството.

Во бугарската делегација предводена од потпретседателот Јотова учествуваше и министерот за надворешни работи Николај Милков.



Претходна статија

Груби по изјавата на амбасадорката Агелер: Треба да има ветинг на сите нивоа на обвинителството, судството и политиката

Следна статија

Облачно со пороен дожд и ветер

Најново од Вести