Лоранс Бон ќе донесе порака за пријателство и поддршка за европската перспектива на Северна Македонија

//

Францускиот државен секретар на министерот за Европа и надворешни работи Лоренс Бон  за време на посетата на Албанија и Северна Македонија  ќе донесе порака за пријателство и поддршка за европската перспектива, јави дописникот на МИА.

Лоранс Бон, надлежна за Европа во министерството за Европа и надворешни работи, ќе ги посети Албанија и Северна Македонија од 14 до 16 ноември, потврди со официјално комунике Кеј Д’Орсеј.

-Оваа посета е резултат на постигнувањата од Франција за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската Уни ја, со цел отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, се нагласува во соопштението од официјален Париз.

Државниот секретар за време на посетата ќе пренеси порака за пријателство и поддршка за европската перспектива на секоја од овие две држави, истакнувајќи ги чекорите што треба да се преземат. Таа, исто така, ќе разговара за проектите за соработка кои најверојатно ќе се развијат, вклучително и во рамките на Европската политичка заедница, за да можат Албанија и Северна Македонија да ги искористат конкретните придобивки од напорите што ги направија.



Лоранс Бон при посетата на Скопје ќе се сретне со претседателот на државата, со премиерот, како и со неколку министри и парламентарци од од Националниот совет за европска интеграција на Северна Македонија.

Планирани се и размени со претставници на граѓанското општество, особено со млади луѓе, како и тинк тенкови за продлабочување на дијалогот околу историските, културните и општествените прашања.

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Светот со осум милијарди луѓе – факти и бројки

Следна статија

Спасовски го посети полицаецот повреден во спасувачката потрага по алпинисти на Шара

Најново од Вести