Светот со осум милијарди луѓе – факти и бројки

/

„Сè побројното светско население што денеска ја достигнува бројката од осум милијарди, не смее да ги засени потенцијално тешките последици со кои може да се соочат државите со сè помалубројно население доколку не го преобмислат начинот на кој се справуваат со демографските промени”, изјави денеска Флоренс Бауер, директорка на регионалната Канцеларија на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА за Источна Европа и Централна Азија.

Порастот на населението, на глобално ниво, значително забавува, а во сè поголем број земји, повеќето од Централна и Источна Европа, се движи во надолна насока каде што комбинацијата од иселувањето и нискиот наталитет ја намалува бројноста на населението. Овој проблем, доколку не се реши, може да ја загрози иднината на нивните економии, социјални системи и инфраструктури.

Глобален пораст на населението

  • Степенот на пораст забавува, но светското население ќе продолжи да се зголемува до 2100 година.
  • Околу 12 години беа потребни за светското население да се зголеми од седум на осум милијарди, но за следната милијарда се очекува да бидат потребни 14,5 години (2037година).
  • Се предвидува дека светското население ќе достигне околу 10,4 милијарди луѓе во текот на 2080-тите години и ќе остане на тоа ниво до 2100 година.
  • Порастот на населението во потсахарска Африка се предвидува да биде повеќе од половина од глобалниот пораст до 2050 година поради релативно високите стапки на фертилитет.
  • Степенот на пораст на светското население опаѓа од 1970-тите години, за првпат во 2020 година под 1% (годишно).

Намалување на населението, особено во Централна и Источна Европа

  • Во сè поголем број земји, намалувањето на населението не е привремен феномен, туку нова реалност. Бројот на земји кои активно се соочуваат со намалување на бројот на население и натаму ќе се зголемува.
  • Денес има 17 земји што имаат помалубројно население отколку во 1990 година, а сите овие 17 земји се наоѓаат во Источна Европа.
  • На глобално ниво, намалувањето на населението е предизвикано од ниски и опаѓачки нивоа на фертилитет, а во најпогодените европски земји тоа се должи и на високиот степен на емиграција.

Повеќе информации може да прочитате на: Summary of Results: World Population Prospects 2022

За УНФПА



УНФПА, Фондот за население на Обединетите нации, им дава поддршка на владите преку својата Програма за демографска отпорност да развијат сеопфатни политики преку кои ќе се справат со демографските промени врз основа на докази и човекови права.

На Министерската конференција за „Осмислување на демографската иднина на Европа“ во Софија на 1-2 декември 2021 година беше иницирана Декадата на демографска отпорност со која се повика на акција за оспособување на земјите да напредуваат дури и во светот на брзи демографските промени.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Зеленски ги повика лидерите на Г20 да го вратат мирот и да стават крај на руската војна

Следна статија

Лоранс Бон ќе донесе порака за пријателство и поддршка за европската перспектива на Северна Македонија

Најново од Вести