ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА
Синоќа во 23:15 часот регистриран е земјотрес со интензитет од 3,1 степен според Рихтеровата скала во Албанија.
Епицентарот на земјотресот бил на 50 километри источно од Тирана и на 17 километри северозападно од Вевчани ( Македонија).
Овој земјотрес бил почувствуван од населението во западните делови на нашата земја со интензитет од III степени, според Европската макросеизмичка скала.