| |

НАНЧЕ СЕ СРЕТНА СО ЖИТЕЛИ НА ОХРИДСКАТА УРБАНА НАСЕЛБА ВИДОБИШТА

Кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија, Михаил Трендафилов-Нанче, се сретна со жители на урбаната населба Видобишта.

Граѓаните се пожалија на тоа што улиците „Прва македонска ударна бригада“, „Ристо Чадо“, „Андреј Јовановски“, „Марко Нестороски“ и „Марко Цепенков“ треба да се асфалтираат. Постарите жители побараа клупи и катчиња за одмор. Михаил Трендафилов-Нанче им објасни на луѓето дека проблемите не можат да се решат со магично стапче, но им вети дека со домаќинско и одговорно работење истите можат да се решат чекор по чекор.

Нанче ги праша граѓаните дали се задоволни од начинот на кој се раководат нивните пари, алудирајќи на тоа дека никој не знае како се направени долговите на Општината и дали некој од тие што раководеле со градот ќе преземе одговорност. Жителите на Видобишта споделија и голем број свои лични проблеми со нашиот кандидат за градоначалник- објавија од Изборниот штаб на Михаил Трендафилов-Нанче.

Слични Објави