| | |

(Видео) Бисера и Лидија со песната „Твоја да сум“ ќе настапат на 34-то издание на фестивалот „Пирин фолк 2026“ во Сандански

Бугарските пејачки Бисера и Лидија ќе настапат на 34-то издание на фестивалот за авторска песна од македонската фолклорна област „Пирин фолк 2026“, кој ќе се одржи на  28, 29 и 30 август в Летниот театар на градот Сандански.

Младите пејачки, кои настапуваат како дует, пред публиката ќе се претстават со песната „Твоја да сум“. Аранжманот е дело на македонскиот композитор Јован Василевски од Тетово, додека автори на текстот се Кристина Димова, Бисера и Лидија.

Публиката во Бугарија веќе може да гласа преку СМС во изборот за наградата од гледачите. Секоја песна има посебен телефонски број, на кој љубителите на музиката можат да го испратат својот глас.

Слични Објави