| |

ПАТРИЈАРХ НЕОФИТ: ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ СО ПОДДРШКАТА ЗА НАШИТЕ БРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА

„Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите браќа во Македонија, сето она што го сторивме досега е корисно и за двата братски народи“, изјави за БГНЕС Неговата Светост, бугарскиот патријарх и митрополит Софиски Неофит.

Патријархот Неофит ја забележа важноста на заедничката бугарско-македонска црковна комисија, со која претседава бугарскиот митрополит Кипријан.

„Што и да е направено под негово водство, ќе имаме можност да го разгледаме“, рече тој, потенцирајќи: „Сите ние имаме благородни намери и ќе се обидеме да направиме сè што е добро осмислено и корисно за двата народи“.

На прашањето дали Бугарската православна црква ќе го следи примерот на грчката православна црква и ќе ја признае автокефалноста на украинската православна црква, патријархот Ноофит рече: „Досега немаме размислувано по таа тема“.

Слични Објави