Румен Радев: Одлуката за пристапување на Украина во НАТО треба да се донесе дури откако ќе се развијат јасни параметри за мирно решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина
Одлуката за пристапување на Украина во НАТО треба да биде донесена дури откако ќе се развијат јасни параметри за мирно решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина, кои ќе бидат прифатени и имплементирани од двете завојувани држави. Ова е наведено во ставот на претседателот Румен Радев, дистрибуиран од прес-службата на претседателот по повод Декларацијата усвоена од девет претседатели на земји од Централна и Источна Европа, во врска со Украина и нејзиното членство во НАТО, кон која не се придружија Бугарија и другите земји од регионот, јавува БТА.
Претседателот не се потпишува на целосниот текст на Декларацијата усвоена од некои земји во Источна Европа во врска со членството на Украина во НАТО. Румен Радев ги поддржува останатите позиции содржани во документот.
Шефовите на држави на неколку земји-членки на НАТО од Централна и Источна Европа на 2 октомври потпишаа заедничка изјава во која ја потврдија поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Силно ја поддржуваме одлуката на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година во врска со идниот пристап на Украина“, се вели во соопштението.
Потписниците на Декларацијата ја повикуваат Русија веднаш да се повлече од сите окупирани територии.
Бугарија е дел од Декларацијата од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година за прием на Украина во иднина, но оваа декларација е усвоена во сосема поинаква безбедносна средина, се вели во соопштението на прес-службата на шефот на државата.
„Воените акции на територијата на Украина денеска бараат нејзиното членство во Алијансата да се дискутира во целосниот состав на Северноатлантскиот совет и да не доведе до ризик од директно вклучување на земјите од НАТО во војната“, се вели во ставот.

