| |

Два воени хеликоптери од воздух го гаснат пожарот во магацините на Елин Пелин

Во 11 часот и 10 минути локално време денеска, полета вториот хеликоптер на бугарските воздухопловните сили – Ми-17 за да изврши гаснење на пожарите во областите погодени од инцидентот кај градот Елин Пелин, јавува БГНЕС.

Претходно, во 10 часот и 40 минути воениот хеликоптер „Кугар“ полета од воздухопловната база Враждебна за да се приклучи на активностите за гаснење пожар во пиротехничките магацини. Хеликоптерот, кој е опремен со противпожарна техника, истура вода врз погодените области. Во тимот во машината има и координатор од противпожарните служби.

Пред тоа беше извршен извидувачки лет, по што беше оценето дека е можно да се изврши воздушно гаснење.

БГНЕС потсетува дека меѓу тешко повредените по експлозијата во магацинот за пиротехника загина едно лице. Лекарите во „Пирогов“ се борат за животот на втората жртва – 20-годишна жена, ќерка на загинатиот.



Слични Објави