Најголемите весници во Австралија денеска излегоа со пречкртани текстови во знак на протест поради, како што оценуваат, ограничувањата и цензурата на печатот.
Дејли Телеграф, Австралија, Финансиски преглед и други се појавија со црни букви и црвен печат со наптпис – „тајна“. Протестот е против законите за национална безбедност, за кои новинарите велат дека го блокира известувањето и создава „култура на тајност“ во Австралија. Владата соопшти дека ја поддржува слободата на печатот, но оти „никој не е над законот“.
Во јуни, полицијата спроведе рација во австралиската радиодифузна корпорација и во домот на известувачот на „Њуз корпорејшнс Австралија“, предизвикувајќи револт кај медиумските организации. Од таму соопштија дека рациите биле извршени заради написи засновани на податоци од свиркачи. Едниот се однесувал за наводни воени злосторства, а другиот за објави за наводен обид на владината агенција за шпионирање на австралиските граѓани.