МАДРИД ОДЛУЧИ: ЕКСХУМАЦИЈА НА ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА ФРАНКО В ЧЕТВРТОК

//

Шпанската влада објави дека ќе ги ексхумира и пренесе посмртните останки од поранешниот воен диктатор, генерал Франциско Франко, в четврток, 24 октомври.

Како што е соопштено, останките ќе бидат извадени од големиот мавзолеум во комплексот Долина на паднатите надвор од Мадрид и со хеликоптер ќе бидат префрлени во дискретен гроб во близина на главниот град.

Постапката беше одобрена откако Врховниот суд неодамна ги отфрли приговорите на семејството на Франко.



Владата донесе одлука за ексхумирање пред да се одржат општите избори во ноември во Шпанија.

Франко управувал со Шпанија од 1939 и 1975 година.



Претходна статија

ПРОТЕСТ НА ВЕСНИЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Следна статија

МАКРОН НАРЕДНИОТ МЕСЕЦ ЌЕ ГИ ПОСЕТИ СКОПЈЕ И ТИРАНА

Најново од Вести