„Алфа Рисрч“: Седум партии во следниот бугарски парламент

/

Според излезната анкета на агенцијата „Алфа Рисрч“, коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

ГЕРБ-СДС, според резултатите на агенцијата во 19 часот, покажуваат дека ГЕРБ-СДС добила 25,5 отсто од гласовите. Втора политичка сила е „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Василев со 19,9 отсто. Движењето за права и слободи добило 14,4%, БСП 10,2%, националистичката „Преродба“ 10%, „Демократска Бугарија“ 7,9%.



Според излезната анкета партијата на Слави Трифонов „Има таков народ “, исто така, е под прагот со 4,2 отсто, како и „Бугарскиот подем“ на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев со 2,9 отсто, „Исправи се Бугарија“ на националниот правобранител Маја Манолова – 1,1 отсто и ВМРО – 0,9 отсто.



Претходна статија

Според излезните анкети, ГЕРБ-СДС победува на предвремените парламентарни избори во Бугарија

Следна статија

27 години од атентатот врз Киро Глигоров

Најново од Вести