| |

Во Охрид одбележани 13 години од трагедијата со бродот „Илинден“

Денеска се навршуваат тринаесет години од трагедијата на Охридското Езеро кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија. Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот.

Бродот „Илинден“ кој превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, како последица на механички дефект, претовареност и паника, се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.

На поклонението присуствуваа дипломати, претставници на Општина Охрид, капетани и луѓе кои учествуваа во спасувањето пред 13 години.

Слични Објави