| |

КАМЧЕВ ПОТВРДИ ДЕКА ГЛАСОТ ОД „БОМБИТЕ“ Е НЕГОВИОТ

Бизнисменот Орце Камчев, кој е главен сведок во случајот „Рекет“, во изјава за Фокус потврдува дека неговиот глас се слуша на аудио-снимките кои се појавија во јавноста.

„Се работи за делови од поголем, подолг разговор од кој лесно се забележува дека, за жал, тенденциозно се сечени делови кои истиот целосно го вадат од контекст, а тоа придонесува да се создаде погрешна перцепција и погрешни заклучоци за кажаното. Тоа е разговор кој се одвиваше оваа година кон крајот на август на вечера во Бугарија, а за време на тој разговор бевме присутни четворица од кои јас и уште двајца можеме да потврдиме дека тоа не е целосниот разговор воден тогаш и дека сечените делови оставија многу простор за погрешно толкување на она кое се зборува“, вели Камчев и најавува дека во целост ќе соработува со Основното јавно обвинителство и дека ќе ги достави сите информации со кои располага во корист на истрагата. 

Слични Објави