| |

ПОРАНЕШЕН РОМАНСКИ МИНИСТЕР ДОБИ 3 ГОДИНИ ЗАТВОР

Поранешниот министер и сенатор на владејачката Социјалдемократска партија во Романија денеска беше осуден на три години затвор за злоупотреба на службената должност. Пресудата е конечна и не може да се поднесе жалба.

Дан Шова беше осуден по обвинувањето дека барал по 5,000 евра месечно за да помогне во склучувањето на договор помеѓу државна компанија и приватна адвокатска фирма. Судот пресуди од Шова да бидат конфискувани и  100.000 евра.

Врховниот суд на Романија исто така, го осуди поранешниот шеф на државната компанија Михаил Балан на три години условно затвор и 60 дена бесплатна работа во корист на општеството.

Против Дан Шова, кој е близок со поранешниот премиер Виктор Понта, се поднесени и други тужби  под обвинение поткуп, фалсификување документи, перење пари и затајување данок.

Неодамна, Дан Шова и Виктор Понта беа ослободени од прв степен по обвинувањата за лажни декларации, соучество во даночните измами и перењето пари во случајот Турчен-Ровинари.

Слични Објави