„Македонски патриот“, кој не знае да пишува правилно на македонски јазик, се пофали на социјалната мрежа Facebook дека ја уништил таблата на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола
Извесен Стефан Ѓоргиевски денеска во 11 часот со спреј ја уништил таблата на клубот ,,Ванчо Михајлов” во Битола. Сторителот на ова дело самиот се пофалил за неговиот чин на социјалната мрежа Facebook со пост кој го пренесуваме во целост:
,,Ministere Spasovski konecno moravme nie vo Bitola da go IZBRISIME imeto na vasistot bugarski koj napravija omraza na nasiot narod Makedonski so bugarskiot narod. Se nadevam ponatamu nema da dozvolite na imina so krvnicki imina. “
Под постот на Ѓоргиeвски стои фотографија на која што пишува : Stop dosta bese od vasisticki imina. На фотографијата се гледа како самиот Ѓоргиeвски со едната рака посочува кон уништената табла, а во другата рака држи спреj.

Од фотографиите од безбедносните камери што нашиот портал ги доби од КЦ „Иван Михајлов“ станува јасно дека токму човекот на горната фотографија е извршител на вандалскиот акт.

Од screen shot-от од безбодносната камера станува јасно и времето во кое што е извршен овој пореден напад врз бугарскиот културен клуб во Битола.
Каква ќе биде реакцијата на надлежните органи останува да видиме.
