Милков: Измените во законот за здруженија и фондации во РСМ се направени конкретно против клубовите на македонските Бугари
Министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков во емисијата „Брисел 1“ на позната бугарска новинарка Милена Милотинова го даде својот прв коментар во однос на бришењето на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола од Централниот регистар на РСМ. Милков изјави дека донесените измени во Законот за здруженија и фондации на Република Северна Македонија се репресивни и се направени конкретно против клубовите на локалните македонски Бугари.
И покрај уверувањата што ги добила Бугарија, измените во Законот за здруженија и фондации РСМ не биле координирани со Венецијанската комисија.
„Ако овој закон беше разгледан од Венецијанската комисија, како што требаше и како што ни беше ветено, немаше да се дојде до донесување на оваа легислатива. Тоа што таа беше донесена толку брзо доведе до последователни дејствија, кои се следните : од над 17.000 регистрирани организации во РСМ, првите две со кои се занимава формираната комисија се двете бугарски организации“, рече Милков.
Бугарските власти веќе информирале голем број европски институции и партнери во врска со случајот. Според бугарскиот министер за надворешни работи, овој закон е направен конкретно против клубовите на локалните македонски Бугари.
„Ова е репресивно законодавство кое има конкретен адресант и конкретна цел“, додаде министерот. Николај Милков апелира до Бугарите во РСМ да не се плашат и да пријават неправилности и до властите во Скопје и до меѓународните институции.
„Голем дел од нив се воздржуваат од поднесување пријави затоа што врз нив почнува уште една репресија – се повикуваат во полиција, се повикуваат во обвинителство, не се знае во кое својство се повикани. Состојбата е таква што некои од нив претпочитаат да молчат, наместо да си направат вакви проблеми подоцна“, вели Милков.
Целото интервју на Милена Милотинова со министерот за надворешни работи Николај Милков може да го погледнете денеска во 17.30 часот во емисиjaта „Брисел 1“ во етерот на BG On Air

