ОБЈАВЕНИ СЕ НОВИ НЕПОЗНАТИ ДОСЕГА ДОКУМЕНТИ И ПЕСНИ ПИШУВАНИ ОД ПЕЈО ЈАВОРОВ ВО ВРЕМЕТО КОГА БИЛ КМЕТ НА НЕВРОКОП
Гледачите на емисијата на „На Фокус: Регионот“ на Регионалниот телевизионен центар на БНТ во Пловдив за прв пат видоа необјавени и непознати песни, писма и документи на Пејо Јаворов, пишувани во периодот кога големиот поет и револуционер бил кмет на градот Неврокоп (Гоце Делчев), во 1912 г.
Во емисијата Тодор Иванов, претседател на фондацијата „Јаворов“, раскажува повеќе за непроценливите пишани документи, нивната содржина и нивната судбина.
Целото видео можете да го видите на следниот линк.

