| |

ШЕКЕРИНСКА: НЕМА ПРИЧИНИ ЗА ЗАГРИЖЕНОСТ, НО ОПАСНОСТА ОД РАДИКАЛНИ СТРУКТУРИ ПОСТОИ

Власта во земјава конечно се огласи по најновиот развој на настаните со САД и Иран. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека најголем дел од земјите не ги повлекле своите војници. 

„Само ги преместија од Ирак во Кувајт, со план дека тоа е само времено. Мисијата во Ирак е важна мисија, но таа не е борбена. По нападот и убиството на иранскиот генерал имаше дебата и во нивниот парламент. Присуството на НАТО во целиот регион е резултат на кризата“, рече Шекеринска во Утрински брифинг на „Слободен печат“ .

Според министерката, во овој момент нема причини за загриженост од присуството на невладини организации поврзани со Иран, бидејќи Македонија не им е точка на интерес.

„Никогаш не смееме да ја елиминираме опасноста од радикализирани исламистички структури кои се враќаат од тамошните фронтови. И Македонија и целиов регион, светот живее со опасноста од тероризам. Кај нас е специфично бидејќи сме поблиску и поради овие присуства и влијанија во целиот регион. Затоа и работиме на програми на ресоцијализација и менаџирање на сите тие повратници, но акцијата на нашето МВР во 2018 докажа дека ситуацијата се следи, се реагира секој пат кога постои било каква опасност“, изјави Шекеринска.

Слични Објави