ЕВРОСТАТ: БУГАРИЈА МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ СО НАЈГОЛЕМ ПАД НА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО ЕУ
Во ноември 2019 година, Бугарија била меѓу земјите во ЕУ со најголем пад на невработеноста на годишна основа, според податоците што денеска ги објави Евростат.
Најголем пад е регистриран во Грција, за септември минатата година и изнесува 2 % – од 18,8 на 16,8 проценти.
Во Бугарија невработеноста се намалила од 4,8 проценти во ноември 2018 година на 3,7 проценти во ноември 2019 година.