Ковачевски-Петков: Новата динамика во комуникацијата дава оптимизам

/

Премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, денеска во Софија остварија билатерална средба на маргините на Состанокот на премиерите на земјите членки на НАТО од JИЕ, на која се согласија натаму да ја задржат високо изразената политичка волја на двете страни, за фокусирано исполнување на сите одредници што си ги поставија Скопје и Софија за унапредување на меѓусебните односи.

Како што соопшти владината Прес-служба, на средбата уште еднаш беше потврден заедничкиот, координиран пристап во менаџирањето на ризиците од војната во Украина, при што приоритетно се издвоени соработката за справување со бегалската криза, на кризата во снабдување со енергенси и со основните стратешки прехранбени производи.

Двајцата премиери на средбата изразија задоволство од резултатите од работните групи договорени на заедничката седница на двете влади во Софија.



Беше оценето дека досега потпишаните договори и меморандуми за соработка укажуваат на сериозен напредок во дијалогот на двете земји што го унапредува односите помеѓу двете земји, стои во соопштението на владината прес-служба.

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Роналдо предупредува: Македонија со причина е во финалето

Следна статија

Шестмина бугарски министри за одбрана со повик до пратениците: Бугарија итно треба да помогне за одбраната на Украина

Најново од Вести