КЦ „Иван Михајлов“: Поддршка за Владимир Перев- бугарскиот дух не се крши!
Поранешниот Културен клуб КЦ „Иван Михајлов“ од Битола ја изрази својата поддршка кон новинарот и познат македонски Бугарин Владимир Перев кој беше физички нападнат во Скопје.
„Со длабоко негодување и искрено почитување ја изразуваме нашата солидарност со Владо Перев. Нападот врз него не е само пројава на грубост – тој е последица на всадената омраза и шовинистичката реторика која со години го труе општеството и ги охрабрува злосторниците да си замислуваат дека имаат право да тероризираат беспомошни луѓе.
Но бугарскиот дух не се крши!
Денес стоиме рамо до рамо со него и со сите Бугари во Македонија, кои секојдневно трпат понижувања само поради својата национална припадност. Ние нема да молчиме. Нема да се помириме. И нема да дозволиме никој да го заглуши бугарскиот глас.
Го поддржуваме Владо Перев – затоа што правдата е на наша страна.“

