|

Битиќи: Минималната плата ќе расте до 22.000 денари

Вицепремиерот за економски прашња Фатмир Битиќи во гостувањето во Утрински брифинг изјави дека според новата методологија минималната плата постојано ќе раста до 2026-та година.

-Имаме проекции дека до 2026 како ќе се движи минималната плата. Сепак се проекции кои се поставуваат на ниво на различни макроекономски фактори. До 2026 минималната плата ќе биде  22.000 денари само со усогласување, без никакво интервенирање, рече Битиќи.

Според Битиќи 80 проценти од фирмите тие што даваат минимална плата се микро и мали претпријатија и тие до крајот на годината ќе добиваат субвенции од државата.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави