| |

ВРАБОТЕНИТЕ ВО „МРТВОТО“ СЈО ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА ПРИМААТ ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДОВЕРЛИВОСТ

Вработените во СЈО и покрај фактот што институцијата буквално е мртва, ќе продолжат да примаат плати од државниот буџет. Потписник ќе биде републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Ова е предвидено со предлог законот кој го изготвија пратениците од владејачкото мнозинство а кој треба да се гласа на 11 декември. Предлогот предвидува освен плата тие и натаму да добиваат надоместоци.

„Истражителите имаат право на надоместок за посебни услови за работа, надоместок за висок ризик и надоместок за доверливост во кумулативен износ од 35% од основната плата. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија со решение утврдува кај кој од истражителите постојат посебни услови за работа, висок ризик или доверливост, како и процентот на додатокот/додатоците, но најмногу до кумулативно утврдениот процент, се наведува во член 1 од предлог – законот.

СЈО следната година ќе добие 3,7 милиони евра.



Слични Објави