АПЕЛАЦИЈА ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА КАТИЦА ЈАНЕВА ДА СЕ БРАНИ ОД СЛОБОДА

/

Апелацискиот суд ја одби жалба на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, да се брани на слобода. Со одлуката на судот донесена минатата недела Јанева, и понатаму останува во куќен притвор. Веста за МИА ја потврди судијата од Апелацискиот суд, Сафет Кадриу.

Следното рочиште зa “Рекет”, e закажано за 20 јануари, кога и е предвидено да сведочи обвинителката Лиле Стефанова. Претходно сведочеше обвинителката Елизабета Јосифовска. Јанева се наоѓа во куќен притвор од 19 ноември 2019, а претходно, од 21 август 2019, беше во притвор во затворот во Шуто Оризари.





Претходна статија

СТОИЛОВ: ОСВЕН ШТО СЕ ДОМАЌИНИ, НИШТО ДРУГО НЕ МЕ ПЛАШИ ОД АВСТРИЈЦИТЕ!

Следна статија

МПЦ-ОА МОЖЕ ДА СЕ НАДЕВА НА ПРИЗНАВАЊЕ ПОД ИМЕТО ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Најново од Вести