БЕСИМИ: ПОДОБРИ УСЛУГИ ЗА ГРАЃАНИТЕ, ПОГОЛЕМА ОТЧЕТНОСТ И ПОВЕЌЕ ФИНАНСИИ ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ СО УНАПРЕДУВАЊЕТО НА ФИСКАЛНАТА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА

//

Подобри услуги за граѓаните, но и поголема отчетност за тоа како општините ги трошат средствата на граѓаните, ќе се овозможи со продолжување на процесот на фискална децентрализација. Ќе се зголемат средствата што општините ги добиваат преку блок дотациите, но и по други основи, но исто така ќе се зголемува и финансиската дисциплина во насока на намалување на долговите и домаќинско работење, најави министерот за финансии Фатмир Бесими на гостувањето во емисијата Економски магазин на Алсат телевизија.

Министерот притоа информира за активностите и мерките што ќе се преземаат, а треба да доведат до подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, фискалната дисциплина и транспарентоста и отчетноста на општините.

„Подобрувањето на фискалниот капацитет и зголемувањето на приходите на општините ќе се спроведе преку повеќе активности коишто предвидуваат раст на средствата што им се распределуваат на општините од наплатените давачки во централниот буџет, зголемување на сопствените приходи на општините и формирање фондови коишто ќе го поддржуваат добриот перформанс. Во оваа насока, ќе се разговара за ревидирање на методологијата за распределба на средствата на даноците и дотациите по општини“, вели тој.



Целиот напис прочитајте го овде.

Претходна статија

НОВИ 6600 САМОПОПИШАНИ ОД ДИЈАСПОРАТА

Следна статија

ОБВИНЕТИТЕ ВО СЛУЧАЈОТ „МОЌНИК” ГО ОТФРЛИЈА ОБВИНЕНИЕТО И СЕ ИЗЈАСНИЈА ЗА НЕВИНИ

Најново од Вести