|

МПЦ-ОА МОЖЕ ДА СЕ НАДЕВА НА ПРИЗНАВАЊЕ ПОД ИМЕТО ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Македонската православна црква би можела да се надева на признавање на автокефалноста и излегување од состојбата на раскол со останатите православни цркви под еклисиолошкото име Охридска архиепископија.

„Целта на посетата беше да се разговара за црковниот проблем на земјата. За време на разговорот беа поставени прашањата и напредокот на фазите на ова прашање, како и волјата за враќање на оваа црква во канонско единство под името Охридска архиепископија, а по поднесеното барање до мајката црква пред извесно време. Во врска со ова се одлучи да се поканат во седиштето на Екуменската патријаршија претставници на СПЦ и на црквата на оваа земја заради консултации и обиди за изнаоѓање заемно прифатливо решение“, пишува во соопштение од Вселенската патријаршија објавено вчера.

Слични Објави