| |

„Еlite Traveler“: Софија привлекува внимание како нова европска дестинација за стил и култура

Софија добива сè поголемо меѓународно внимание како дестинација за луксузен и креативен туризам, пишува американското списание „Elite Traveler“, пренесува БГНЕС. Според текстот, „изгледа донекаде неправедно што Софија дури сега почнува да привлекува пошироко внимание“, и тоа поради практични причини како приклучувањето кон Шенген и воведувањето на еврото.

Списанието нагласува дека вистинската вредност на бугарската престолнина се открива на лице место. Со повеќе од 7000 години историја, градот нуди спој на антички, османлиски и модерни елементи, надополнети со близината на планината Витоша.

Посебно се истакнува динамичната креативна сцена, со независни бутици, галерии и концептуални простори во квартови како „Квартал“ и улицата „Шишман“. Софија нуди и богата музејска понуда, вклучително и Националниот историски музеј и Националната галерија во поранешниот царски дворец.

Во текстот се потенцира дека ваквите културни и уметнички иницијативи „целосно одговараат на отворениот дух и живата творечка имагинација на Софија“.



Слични Објави