ФОРМИРАНА ФЕДЕРАЦИЈАТА НА СПОРТСКИ ВЕТЕРАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

//

Здруженијата на Спортските ветерани од Република Македонија на 30. 06. 2018 година во Велес одржаа Оснивачко Собрание за Формирање на Федерација на спортски ветерани на Република Македонија, /ФСВРМ/.

Оснивачкото Собрание се одржа во соработка и подршка на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.

Федерацијата ја формираа преставници на здруженијата на спортски ветерани од: Скопје, Тетово, Велес, Прилеп, Кочани и Струмица. Интерес за вклучување во Федерацијата постои кај: Гостивар, Охрид, Битола, Кавадарци, Неготино, Гевгелија и други општини, тие откако ќе ги завршат активностите за формирање на здруженија, регистрација и другите административни потреби, ќе се приклучат во органите и телата на Федерацијата и програмските активности.

На Основачкото Собрание усвоени се: Статут и Програма со Оперативна Програма, избрани се органи и тела, Управен Одбор, Надзорен Одбор и Совет на Честа. Назначени се раководители на потсистемите на Националниот систем на натпревари. За Претседател на Федерацијата Избран е Проф. д-р Насе Кондовски – кинезиолог.

На Оснивачкото Собрание констатирано е дека за програмските активности на Федерацијата заинтересирани се повеќе илјади спортски ветерани, тоа е посебен предизвик на ново избраниот Управен Одбор, кој ќе вложи напори за посебна организација и функција на единствен Национален систем на натпревари со повеќе спортски подсистеми според желбите и можностите на ветераните, кој треба да почне да функционира во есенскиот дел од оваа година.



Федерација на спортски ветерани на Република Македонија ќе има својство на правно лице со тоа што ќе се запише во Централниот Регистар на Република Македонија.

Полното име на Федерацијата е Федерација на спортски ветерани на Република Македонија, Скрате­ното име е ФСВРМ. Привременото седиште на Здружението e во Скопје, на улица „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, број 12, /Партизан 3 / – Скопје.

Претходна статија

ДЕСКОСКА НАЈАВИ ЕФЕКТИВНА АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА

Следна статија

СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ТИТАНИК“ ОДЛОЖЕНО ЗА 16 АВГУСТ

Најново од Истакнато

Последниот атентатор (8)

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев. На почетокот